За најновата книга на академик Битракова-Грозданова, „Голем Град Преспа“, пред присутните говореше академик Владо Камбовски.
– Кога ќе го погледаме трудот на академик Битракова гледаме дека не е така едноставно да се обработат откриените артефакти и археолошки простори и да се презентираат. Таа на овој свој проект работеше 40 години за да се стигне до ова рамниште, тие сознаниија да се презентираат во облик во кој ќе се презентира нашата наука, не само во Македонија, туку и во странство, истакна академик Камбовски.
Како што истакна академик Геори Старделов, зборувајќи за најновиот научен труд на академик Блаже Ристовски, „Македонски преродбеници 19 век“, станува збор за едно исклучително вредно дело кое говори за културниот развиток на Македонија.
– Ретко кој друг во истражувањето на историјата на културниот развиток на Македонија дал толку многу научни докази за тоа дека ние сме имале еден автохтон сопствен пат кој има некои тангенти со комшиските народи, но кој во основа има и некои различности, рече академик Старделов.
Пред присутните во Куќата на Уранија денес беше промовирана и публикацијата „Филозофија на правото“ на академик Владо Камбовски.