Нови 14 дела од едицијата „Превод на 1.000 стручни и научни дела“ беа промовирани вчера од страна на премиерот Никола Груевски и заменик-министерот за образование Спиро Ристовски.

Новите преведени дела се од областа на економијата, правото, природно- математичките науки, а според премиерот Груевски, власта вложува во образованието на младите и во нивната иднина.

„Инвестирањето во образованието, науката, знаењето, младите и иднината на Македонија и понатаму останува еден од главните приоритети на Владата. Во оваа смисла повеќе години наназад спроведуваме проекти кои на нашето општество ќе му донесат нови вредности. Еден од тие проекти е и проектот за певод на 1.000 стручни и научни книги и учебиници, сега веќе преминува во 1.200, од кои се учи на највисоко рангираните 10 универзитети во светот“, рече на промоцијата премиерот Никола Груевски.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски рече дека иако реализацијата на овој проект е во завршна фаза, книжниот фонд ќе продолжи да се надополнува.

OhridNews