Промовирани „Стела и Сани“, малите херои од првите 3Д анимирани видеа наменети за едукација и анимација на деца создадени од македонското студио за филмска продукција и пост продукција „Вертиго Висуал” со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на Јавен повик за кофинансирани грантови за комерциајлизација на иновации.
Досега, ова студио има работено визуелни ефекти за повеќе 50 филмови од холивудската А листа, популарни box office хитови и добитници на бројни награди на престижните меѓународни фестивали, а по повод својата 15 годишнина од постоење и успешна работа го промовираше својот мега-проект „Стела и Сани” – серијал од високо квалитетни авторски 3Д видеа на македонски и албански јазик, наменети за супер – забавна едукација на децата преку музика и игра, информираат од „Вертиго Висуал”.
Првото видео од серијалот може да се гледа на Youtube каналот на „Стела и Сани”. Во него преку песна се учат буквите на македонската абука.
Дејан Пановски, извршен директор на „Вертиго Висуал” информира дека примарната цел на овој проект е креирање на нов македонски и албански бренд – домашна авторска содржина за анимирање и едукација на деца на возраст до 10 години.
Сепак, не застануваме тука: освен овие видеа на кои сме навистина горди, „Стела и Сани” ќе ги продолжат своите авантури и низ сите дигитални, но и печатени формати. Веќе работиме и на развој на Веб-платформа, како и на апликации, интерактивни игри, боенки…буквално сите алатки со кои можеме да го олесниме и направиме ова секојдневие пошарено и за децата, и за родителите кои ќе ги користат „Стела и Сани” во неопходната едукација и анимација на своите најмлади, вели Пановски.

Од наша страна ангажирани се професионалците во пишувачката дејност како Бистра Георгиева, Винка Саздова, Венко Андоновски, Јагода Михајловска-Георгиева. Со овој проект ќе создадеме три едиции на книги кои ќе ги опфатат сите категории на литературата за деца, поделени според возрасни групи од 1 до 15 години. Веќе денес ја промовираме првата сликовница со наслов „Во овој балон нема место за еден слон“, која може да се најде во Книжарниците на ТРИ и во нашата продажна мрежа, потенцираше Љубомир Саздов од Издавачкиот центар Три.

Доколку сакате да ги запознаете Стела и Сани и да учествувате во нивните авантури следете ги на Youtube каналот и добивајте нотификации за секое ново видео. Дел од приказните на двајцата јунаци и идеи за игри и учење ќе најдете и на Фејсбук страната и на профилот на Инстаграм.
OhridNews












