Повторно се пронајдени мрежи поставени од рибокрадци во време на строга забрана во водите на Охридско Езеро, информираат од концесионерот на Охридското Езеро, „Питон“.

Жално е што има угината риба во нив дури 214 парчиња охридска белвица, посочуваат.

Риборадци кои не ја почитуваа забраната за риболов на охридска белвица и пастрмка беа фатени и пред една недела.

Инаку, забраната за риболов на охридска белвица и охридска пастрмка започна од први декември и истата ќе трае до 28 февруари 2026 година.

OhridNews