Пронајдени осум рибарски мрежи со должина од по околу 100 метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски мрежите со уловот се пронајдени по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ – Струга, на околу 1000 метри од брегот на езерото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додава Димоски.

OhridNews