Норвешките археолози пронајдоа закопан долг, редок брод овој месец во Ѓелестад, средновековно археолошко наоѓалиште југоисточно од Осло. Ова е прво вакво ископување во Норвешка последниве 100 години, пишуваат тамошните медиуми, пренесува „Миа“.

Викинзите тогаш обично пловеле кон британските острови, па го напаѓале и колонизирале крајбрежјето, за што сведочат археолошките остатоци, како и нордиските зборови и имиња на Островот денес. Нордиските Викинзи исто така стигнале и на Исланд, Гренланд, па и Њу Фаундленд и во Северна Америка.
Воениот брод пронајден во Ѓелестад потекнува од времето меѓу 750 и 850 година, изјави д-р Пасха за Би-би-си.
Тој вели дека првичните сознанија говорат дека е многу поразличен од другите бродови, а „тоа е навистина возбудливо“, како што нагласи археологот. Се претпоставува оти во него, можеби бил закопан крал.
OhridNews












