Пронајден хероин кај жител од струшко Велешта.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 33 годишно лице од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 01.05.2021 година на улица „Боро Калајџиески“ во Струга, при преглед на патнички автомобил, во кој пријавениот се превезувал, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа хероин, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews