Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид, вчера околу 11:20 часот во Охрид, лишиле од слобода 50 годишно лице од село Пирок, Општина Боговиње и 49 годишно лице од Скопје.
При преглед во возилото „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал 50 годишното лице во багажот била пронајдена една кеса со девет пакувања со бела прашкаста материја. Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
OhridNews












