Пронајдени и одземени две кеси со марихуана кај лице од село Подмолје.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 40 годишно лице од охридското село Подмолје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При претрес во стан во Охрид, каде престојувал пријавениот, пронајдени се и одземени две кеси со марихуана, 21 семка и гранки од растението канабис, информираат од МВР.
OhridNews












