Стружанец нелегално поседувал муниција за ловна пушка и смола од хашиш.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против 50 годишно лице од струшкото село Заграчани, поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „недозволено изработување држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При извршен претрес во неговиот дом, полициските службеници пронајдоа и одзедоа 18 патрони-муниција за ловна пушка калибар 16 милиметри и смола од наркотична дрога хашиш, што нелегално ги поседувал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews