Пронајдени две неескплодирани рачни бомби во село Песочан.

На 22.09.2021 година во СВР Охрид, пријавено е дека при рушење на стар објект во селото Песочан, општина Дебарца, пронајдени се експлозивни направи. По извршен увид од полициски службеници и претставници на Дирекцијата за заштита и спасување, констатирано е дека се работи за две неексплодирани рачни бомби, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека по најава на СВР-Охрид за пронајдени експлозивни направи во с. Песочани, се пронаједни 2(две) рачни бомби остаток од балканските војни, земја на потекло Турција. Пиротекничарите од ДЗС ги подигна и рачните бомби и однесени во безбедно место, додаваат.

 

OhridNews