Во СВР Охрид, вчера, околу 12 часот, жител на охридското село Велгошти пријавил дека недалеку од селото, во месноста „Чурила“, забележал починато лице.
По извршениот увид, констатирано е дека станува збор за 80-годишна жена од селото Велгошти, која на 07.03.2020 била пријавена за исчезната, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
По извршен преглед од лекар патолог било констатирано дека нема траги на насилство и дека се работи за природна смрт.
OhridNews












