Дејвид Гонзалес од гратчето Хофман во Минесота не ни знаел што му се наоѓа на таванот од куќата, додека пред некое време не открил дека го поседува „Светиот Грал“ за љубителите на стрипот, првиот број во кој дебитирал Супермен.

Стрипот од 1938 година се наоѓал во еден куп стари весници, се додека Гознаелс не одлучил да ја реновира куќата. Бидејќи проверил и востановил дека стрипот доста вреди, дошло и до првата кавга околу идното делење на парите. Имено, тетка на неговата сопруга се јавила барајќи свој дел од заработката. Бидејќи се изнервирал, Гозналес го истргал стрипот од раката на неименуваната госпоѓа, при што се скинала задната страна.


Тој на својата сопруга и рекол дека не го интересираат парите, и додал дека тоа е негов стрип и ако сака може и да го запали. Кога ја контактирал њујоршката колекционерска куќа „КомиКонект“, неговиот стрип на скалата од 1 до 10 добил оценка 1,5. Неодамна еден друг стрип, кој исто така бил број еден со Супермен, бил продаден на аукција за 2,1 милион долари, но неговата оценка била 9. Стрипот на Гозналес сега се наоѓа на аукција, и до петокот достигнал цена од 137 илјади долари. Гласањето завршува на 11 јуни кога ќе биде позната конечната цена. Половина од добиените пари ќе одат за него, а половина за аукционерската куќа.