Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единицата за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против едно лице од скопско Грчец и лице од Република Чешка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

При извршениот претрес од страна на полициски службеници во куќата на пријавениот во Грчец, тој не бил пронјден дома. При тоа, пронајдени биле повеќе видови на хемиски супстанци кои биле чувани во шишиња, туби и канистри, подигнати и дадени на вештачење. Со вештачењето е утврдено дека станува збор за метамфетамин, бензил метил кетон и псеудоефедрин, како и други прирачни средства за производство на синтетичка дрога. Метамфетаминот е психотропна супстанца, додека бензил метил кетон и псеудоефедрин преставуваат прекурсори за добивање на психотропни супстанции од амфетамински тип на стимуланси.

Инаку, овие хемиски супстанци се користат и за производство на една од најопасните и најштетните синтетички дроги во светот, за која има повеќе имиња – кристал мет, перник или первентин. Оваа синтетичка дрога за првпат се среќава во Република Македонија, а најмногу се произведува во Република Чешка. Со нејзино користење се уништвува нервниот систем и мозокот и по само две години користење може да предизвика смрт.   

Во текот на март 2018 година двете лица неовластено набавиле материјал и супстанци за произведство на  синтетичка дрога, психотропни супстанци и прекурсори, по што во домот ја инсталирале опремата и  заеднички започнале процес на производство на синтетички дроги. Лецто од Грчец било пронајдено и приведено, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, додека пак по лицето од Чешка се уште се трага.

OhridNews