Во текот на вчерашниот ден, службите на СВР-  Охрид пронашле и одзеле значителна количина садници на Афионови стебла во Вевчани, како и помала количина опојна дрога Хероин и екстази во стан во Охрид.

По извршен претрес во Охрид во соба што привремено ја користел  Н.К. роден 1993 година од Скопје, службите на СВР Охрид, пронашле алуминиумска фолија со шест паковки со околу 3 грама опојна дрога Хероин и 10 екстази со натпис „Мицубиши„ сокриени во ташна за Лап-топ компјутер. Пронајдени се уште една алуминиумска фолија со траги од Хероин како и еден празен оквир за Пиштол калибар 7,65 мм.

Истиот ден, службите при Полициската станица од Струга, во содејство  со подрачната единица на Државниот инспекторат за Земјоделие во Вевчани, во бавча обработувана од Р.Ш. родена 1958 година, пронашле вкупно 291 насади, односно садници на Афионови стебла во висина до 11о сантиметри. Одземените Афионови садници, за чие одгледување е потребна посебна дозвола, Р.Ш. не ја поседувала. Садниците се предадени за натамошна постапка на претставниците на Државниот инспекторат за земјоделие.

Предметите се одземени и испратени на натамошно вештачење и анализа во Министерството за внатрешни работи.

По целосното расветлување на овие случаи, СВР Охрид ќе поднесе содветни пријави.

Ohridnews