Трите мотори, во сопственост на словенечки туристи  што завчера ноќта беа украдени од пред куќа во близина на центарот на Охрид во која тие биле сместени, се пронајдени, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информациите од полицијата, моторите биле пронајдени во околината на Охрид, а во интерес на истрагата други детали не се соопштуваат.

Сторителите на кражбата сеуште не се откриени, но од полицијата уверуваат дека имаат добри оперативни сознанија и дека трагаат по нив.

Пронајдените мотори во текот на денот ќе им бидат вратени  на сопствениците, информираат од охридската полиција

OhridNews