Руските геолози во Чеченија пронашле 40 фосилизирани џиновски лушпи за кои сметаат дека се од јајца на диносаурус. Староста на јајцата се проценува на повеќе од 60 милиони години. Пронајдените јајца се со пречник од 25 сантиметри па се до еден метар. Биле пронајдени за време на изградбата на автопат, кога работниците со експлозив уништувале огромни карпи на границата со Грузија. Така наишле на необичните лушпи.

Меѓутоа, московските палеонтолози мораат да спроведат уште истражувања како со сигурност бо утврдиле дали станува збор за јајца на диносаурус. Еден од геолозите рекол дека постои голема веројатност да има уште јајца сокриени под камењата. Ова откритие толку ја заинтересирало чеченската влада, што наоѓалиштето го прогласиле за природен резерват како би привлекле туристи.