Секторот за внатрешни работи Охрид информира дека е пронајдено лицето кое минатиот месец оштети гроб во сопственост на Исламската верска заедница- џамија „Хајдар Паша” во Охрид. Станува збор за 38-годишен охриѓанец против кого е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „сквернавење на гроб”.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 23-ти минатиот месец околу 15 часот и 30 минути на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, наспроти џамијата ,,Хајдар Паша”. Тој извршил оштетување на покривката од керамиди поставени на Турбе (гроб на незнаен светец од муслиманска вера) по што го напуштил местото. Оштетениот гроб бил во сопственост на Исламската верска заедница – џамија „Хајдар Паша“ во Охрид, информира СВР Охрид.

OhridNews