Вчера, во Елшани, во куќата на тетка Трајанка Наќоска се снимаше дел од емисијата „ОТКРИЈТЕ ЈА ВАШАТА КУЌА ОД СОНИШТАТА“, која во продукција на холандската нациоанлна „MAX TELEVISION“ се реализира во голем број земји во светот, каде на средовечните парови од Холандија и од други западни земји им се нуди избор од три куќи каде би го поминале остатокот од својот заеднички живот.
-Нашата идеја со емисијата е да им овозможиме на средовечните и постари луѓе да стекнат повеќе пријателство, повеќе истражени места, повеќе традиционални високи вредности на вашето македонско поднебје, а Македонија, со сите свои вредности заслужува да биде изборот за куѓа од соништата, истакна главниот директор холандската прoдуккциска куќа „Мax“ .
Такви беа и изјавите на другите холанѓани и на други гости кои присуствуваа на топлото добредојде во дворот на тетка Трајанка Наќоска каде беа на маса поставени повеќе вкусни традиционални јадења.
Е, па, добредојдовте во Елшани и наздравје!