Една американка од Јута прилично се изненадила кога во кутија тампони која ја купила на распродажба пронашла кокаин. Кога ја отворила кутијата, Синди Дејвидсон забележала дека некои од тампоните се отстранети и заменети со бел прашок завиткан во целофан, пренеле медиумите.

Уплашена, бидејќи не знаела каков е правот, повикала полиција која супстанцијата ја идентификувала како кокаин, а се претпоставува дека на тој начин дилерите сакале да ја дистрибуираат дрогата. Продавницата во која биле купени тампоните веднаш го повлекла овој производ од продажба.