Како што информираат од министерството за економија, до 13 часот денес, кога истекуваше крајниот рок за доставување понуди за купување на “ЕМО”- Охрид,  ниту една компанија не доставила понуда. Со тоа паднаа во вода надежите дека тоа ќе го направи турската компанија која претходно покажа интерес и ја подигна тендерската документација за купување на оваа компанија.

Последно распишаниот тендер за продажба на “ЕМО”- Охрид е шести по ред. Сега останува Владата да одлучи што понатаму, на кој начин ќе се решава судбината на компанијата и 1. 600- те вработени.

Задржувањето на сите 1600 работници во наредните пет години беше еден од наведените услови за купување на “ЕМО”- Охрид. Неофицијално, тоа како и долговите на компанијата, биле основните причини поради која заинтересираната турска компанија се откажала од купувањето.

OhridNews