Шпанскиот стручњак Пеп Гвардиола ќе мора да бара нов стопер за следната сезона во Манчестер Сити откако првиот пик Ајмерик Лапорте потешко се повреди.


Дефанзивецот го скрши глуждот на десната нога и ќе мора на операција, а со тоа пропаѓа трансферот во Манчестер Сити по кој Атлетик Билбао ќе заработеше 50 милиони евра.


Покрај „граѓаните“ интерес за овој дефанзивец покажаа Манчестер Јунајтед, Барселона и Реал Мадрид што доволно говори за неговиот квалитет.

OhridNews