Иако беше официјално најавено дека Давид де Геа заминува од Олд Трафрод и потпишува договор со Реал Мадрид сепак на крајот тоа не се случи.
Шпанскиот чувар на мрежата во редовите на Манчестер Јунајтед ќе остане барем до јануари до отварањето на зимскиот преоден рок.
Причина за неуспешниот реализиран трансфер на Де Геа се документите меѓу двата клуба кои речиси цело лето се „натегаа“ околу оштетата.
„Кралевите“ тврдат дека навреме една минута пред истекот на преодниот рок ги испратиле документите до Манчестер Јунајтед кој исто така потврдно одговорил.
„Црвените ѓаволи“ покрај финансиската оштета требаше во своите редови да го добие резервниот голман Кејлор Навас.
Ohridnews