Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Јаја Туре и следната сезона ќе биде дел од англискиот премиерлигаш Манчестер Сити.


Иако беше пред финална промоција во Интер средбата на менаџерот на Јаја Туре и сопственикот на „граѓаните“, Менсур бин Зајед вродила со плод и паднал договор за продолжување на соработката.

– Сопственикот на клубот за мојот агент имаше само пофални зборови и во ниту еден момент не дојдовме до збор за негов трансфер. Со тоа тој покажа големо почитување кон Јаја Туре и неговите настапи во клубот. – рече менаџерот на Јаја Туре.

Пред пет години фудбалерот за врска од шампионскиот тим на Барселона направи трансфер во Манчестер Сити за 40 милиони евра.

Мх.П.