Францускиот репрезентативец Хуго Лорис кој е прв пик на Манчестер Јунајтед ако трансферот на Давид де Геа во Реал Мадрид се случи ја скрши раката.


Голманот на Тотенхем се повреди на тренинг, а по деталните снимки се покажа дека има фрактура на рачниот зглоб.

Тој иако повреден ќе ги продолжи подготовките за новата сезона со Тотенхем и сигурно испадна од плановите на Јунајтед за замена по евентуален трансфер на Де Геа во Реал Мадрид.

„Црвените ѓаволи“ со себе го поведоа Де Геа на турнејата во Америка, но го изоставија Виктор Валдес кој пак се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Ohridnews