Трансферот на македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев од Галатасарај во Џенова не може да биде реализиран од бирократски причини. Имено, Џенова веќе ја има исполнето квотата за фудбалер кој доаѓаат надвор од Европската унија.
Горан Пандев, кој пред четири месеци замина во Галатасарај, во понеделникот ги договорил личните услови со претседателот на Џенова, Енрико Прециози, за преселба во овој тим, но во последен момент бирократијата го спречи неговиот трансфер.
Џенова сакаше да го регистрира Пандев како домашен играч, бидејќи тој поседува и италијански пасош, но според правилата на Фудбалскиот сојуз на Италија тоа не е возможно, а бидејќи клубот веќе ја има исполнето квтата за еден играч кој доаѓа надвор од Европската унија трансферот пропадна.
Сепак, ова не мора да значи дека Пандев нема да се врати во Серија А, бидејќи и Торино веќе подолго време сериозно се интерсира за макадонскиот напаѓач.
„Макфакс“