Англискиот премиерлигаш Арсенал ќе мора да се фокусира кон ново засилување во нападот откако примарната цел Карим Бензема ги отфрли гласините за преселување на Емирати.
Францускиот репрезентативец со коментар на својот официјален твитер профил стави точка на шпекулациите кои беа се погласни.
– За сите оние кловнови кои сакаат да шират дезинформации. Ова е мојот дом! Хала Мадрид. – стои во коментарот од Бензема.
Напаѓачот на Сантијаго Бернабеу се пресели од француски Лион каде имаше две фантастични сезони постигнувајќи над 20 погодоци.
Мх.П.