Не помина ни една недела од донесувањето на одлуката за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје во туристичката сезона, а истата воопшто не се почитува. Во стариот дел на градот иако треба да има, не постои ограничување во движењето на возилата. „Илинденска“ , како и „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ се тесно грло, а не се почитува ниту забраната за паркирање и застанување на кружниот тек во централното градско подрачје. Иако се поставени знаци за забрането паркирање, на тој простор сеуште се паркира и се наплаќа паркинг.


Прописите постојат за да  не се почитуваат

Од Локалната самоуправа непосредно по донесување на одлуката за воведување летен режим на сообраќај информираа дека тој е во функција на растоварување на сообраќајот во централното градско подрачје, особено во стариот дел на Охрид, но дека нејзиното спроведување исклучиво е во надлежност на полицијата.

OhridNews