Со интервенција на механизирана екипа нешто по 23 часот коловозот беше целосно расчистен., а се работеше и отстранување на остатоците од одронот над патот. За време на расчистувањето сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Св. Наум кај Метропол се одвиваше со кратки застои.
Голем одрон од карпи и камења се случи на истото место на 22 февруари, кога исто така за среќа немаше повредени. Како што можевме да чуеме од екипите ангажирани во расчистувањето потребна е поголема интервенција за да се санира свлечиштето кај „Метропол“, кое проработи од преголемата влага и наглите температурни промени кои уследија по обилните врнежи во охридско.