Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, изнесува 101.5.
Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (10.4%), Рударство и вадење на камен (8.7%) и Информации и комуникации (5.6%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2017, изнесува 22 671 денар. Во јули 2017 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не зеле плата.
OhridNews