Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември минатата година просечната исплатена нето-плата по вработен во Македонија изнесувала 21.415 денари и е за 0,2 отсто помала од истиот месец во 2010 година.
Ваквото намалување се должи на намалената просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен, информации и комуникации“ и во преработувачка индустрија.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е забележано во секторите информации и комуникации, стручни, научни и технички дејности и административни и помошни услужни дејности.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2011 изнесувала 31.338 денари.












