Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари изнесува 20.625 денари што претставува зголемување за 0,9 проценти во однос на февруари минатата година.

Зголемувањето се должи, пред сé, на зголемувањето на просечно исплатената нето-плата во секторите: Стручни, научни и технички дејности (15.3%), Дејности во врска со недвижен имот (8.7%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (7.3%).

Намалување на нето-платата во споредба со претходниот месец има во секторите: Градежништво (8.1%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.0%) и Транспорт и складирање (5.3%).

Просечната месечна исплатена бруто плата пак изнесува 30.257 денари и е зголемена за 0,7 проценти во однос на истиот месец 2011 година.

Во февруари, 2,7 проценти од вработените во државата не примиле плата.

OhridNews