Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2013 година, во однос на март 2012 година, белеЃи зголемување од 1%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање,Дејности на здравствена и социјална заштита и Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпадни дејности за санација на околината.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2013, изнесува 21 294 денари. Во март 2013 година, 2.6% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews