Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (13.8%), Други услужни дејности (5.2%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.8%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (8.2%), Рударство и вадење на камен (5.9%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, за ноември 2012, изнесува 20 857 денари.
Во ноември 2012 година, 2.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.