Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (14.1%), Уметност, забава и рекреација (10.5%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (9.0%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (6.2%), Земјоделство, шумарство и рибарство (4.0%) и Дејности на здравствена и социјална заштита (3.9%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2011, изнесува 20. 902 денари.
Во октомври 2011 година, 2.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.