Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2013 година, во однос на септември 2012 година, е поголема за 1.3%.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Транспорт и складирање , Градежништво и Рударство и вадење на камен.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2013, изнесува 21. 060 денари.
Во септември 2013 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews