Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави Државниот завод за статистика.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 9 проценти, Уметност, забава и рекреација за 6.2 проценти и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 5.9 проценти.
OhridNews










