Од министерството за образование и наука информираат дека просечната оценка од годинешното екстерно тестирање на учениците од 4-то одделение во основно образование до 3-та година во средно образование е 3,63, што е за 0,38 процентни поени повисока во однос на лани, кога изнесувала 3,25.
Најдобра просечна оценка е постигната по предметот етика на религиите – 4,42, додека најслаби се резултатите по предметот технологија на обработка, 2,37.
Учениците можат да се информираат за добиените оценки во училиштата, каде веќе се истакнати резултатите од екстерното тестирање. Заклучно со 27 јуни, петок, можат да поднесуваат приговори до училишната комисија, која истите ќе ги проследува до Државниот испитен центар во чија надлежност е носењето на конечната одлука.
Учениците кои од оправдани причини во јуни не ги полагале двата предмети, или полагале само еден, ќе бидат тестирани во августовската сесија. За терминот на полагање и за предметите по кои ќе бидат тестирани, ќе бидат дополнително известени.
OhridNews