Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во јуни изнесувала 20 651 денари, што е за 2,2 отсто помалку во однос на истиот месец лани.

Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (33,3 отсто), Уметност, забава и рекреација (9,9 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (7,3 отсто).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,3отсто), Градежништво (4,0 отсто) и Уметност, забава и рекреација (2,6 отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни 2012 изнесува 30 323 денари, а во овој месец 2,1 отсто од вработените во Македонија не примиле плата.

“макфакс“
Ohridnews