Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, изнесува 102.8. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20.0%), Стручни, научни и технички дејности (9.8%) и Рударство и вадење на камен (7.4%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2017, изнесува 22. 808 денари. Во јуни 2017 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Ohridnews