Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2012, изнесувала 20. 867 денари, што е за 0,4 отсто помалку во однос на истиот месец минатата година.

Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната плата во секторите: Информации и комуникации (15,8 отсто), Уметност, забава и рекреација (7,2 отсто) и Административни и помошни услужни дејности (седум отсто).

Зголемување на просечната плата по вработен, во однос на претходниот месец,
е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (4,7 отсто) и Преработувачка индустрија (3,2% отсто).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2012 изнесувала 30. 636 денари, што е за 0,3 отсто помалку во однос на мај минатата година.

Плата во мај 2012 година не примиле 1,7 отсто од вработените во Република Македонија.

OhridNews