Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2014, изнесувала 21 007 денари, што е за 1,3 отсто помалку на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
 
Ваквото намалување се должи, пред сé, на намалувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (28,6 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,6 отсто) и Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (2,1 отсто).
 
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,2%), Земјоделство, шумарство и рибарство (4,8%) и Други услужни дејности (3,5%)

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2014 изнесува 30 756 денари. Плата во март 2014 година, не примиле 1,4 отсто од вработените во Република Македонија .

OhridNews