Поради високите температури и  зголемена опасноста од појавата на шумски пожари,  Јавното претпријатие „Македонски шуми“ воведе делумна забрана за движење во шуми.
Мерката на сила ќе биде до крајот на август, а во овој период низ шуми ќе можат да се движат само оние лице кои претходно ќе обезбедат Одобрение за ограничено и контролирано движење во шума.
Во Охрид тоа ќе може да се прави во подружницата на  Ј.П „Македонски шуми“.
Прекршителите на забраната ќе се соочат со парична казна од 1500 – 3000 евра.
OhridNews