Утре, вторник, Општинската организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, локалната самоуправа на општина Дебрца и ОУ „Дебрца” ќе организираат прослава во село Црвена Вода по повод 74 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година.

Предвидено е прославата да започне во 11 часот во село Црвена Вода, кога ќе се положи свежо цвеќе на спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор и ќе се посети спомен Домот на ГШ на НОВ и ПОМ.

Во 12 часот предвидена е свечена седница на советот на општина Дебрца, каде ќе настапи хорот и рецитал на учениците од ОУ “Дебрца” од  Белчишта. Ќе се посети и спомен собата на НОБ и ликовната колонија.

OhridNews