Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941–1945 и на граѓани продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и Општина Дебрца, a по повод  74 години од  Денот на победата над  фашизмот и Ден на Европа, организираат прослава која ќе се оддржи на 9 мај, четврток.

Одбележувањето ќе започне кај споменикот на револуцијата, победата и слободата „кременатец“–подрачје „Раштани” во Дебрца, при што ќе се обрати Наце Иваноски-професор по историја, на тема : Македонија во борбата против фашизмот.

Ќе биде положено цвеќе на спомен обележјата на паднатите борци во НОБ, а предвидена е и посета на спомен собата на НОБ, како и посета на ликовната галерија.

OhridNews