Со богато мени и прекрасна забава од хотел Нова Ривиера ве покануваат да ја прославите Стара Нова година. Менито кое чини само 900 денари, нуди низа специјалитети на куќата. За топло и ладно предјадење ќе има крокети со шунка и кашкавал, крем салата Ривиера со шунка и краставица. Грчка салата, а за главно јадење свински медаљони, пилешки поленти бомбици со кашкавал, македонски колбас и гарнир. За десерт-тиква и баклава. Ќе има и комат со сирење во кој ќе се бара паричката.
Безалкохолните и алкохолни пијалоци (ракија, узо, коњак, пиво, бело и црвено вино) се неограничени. За забавата ќе се погрижи групата „Стил“.
OhridNews












