Педесет и пет отсто од мажите врз кои е направено ова истражување сметаат дека протиституцијата е нормална професија, но само 17 отсто од нив признале дека ги користеле нивните сексуални услуги.
 
Направени се 301 интервјуа на целна група мажи на возраст од 20-60 години. Анкетирани се и 265 проститутки на возраст од 16-35 години и 302 млади девојчиња на 14-20 годишна возраст.
Околу 74% од анкетираните мажи одбиле да одговорат на прашањето „дали некогаш платиле за сексуални услуги”.
Како основни причина за појава и ширење на проституцијата се сметаат сиромаштија, зголемена невработеност, желбата за повисоки приходи, потоа ниската стапка на образование и лошата семејна и социјална положба.

Мнозинството од анкетираните мажи сметаат дека таа професија е во ред за некој краток временски период додека да не им се зголемат нивните лични приходи, но, исто така, тие се сложуваат дека се нарушуваат правата на проститутките.


Црвени улички Амстердам

Како причина за прифаќање и работење токму на оваа „професија” 32
проценти од младите девојчиња го истакнале семејното насилство, 29
проценти од проститутките изјавиле дека причините ги наоѓаат во лошите
услови на своите семејства. Истражувањето покажува дека семејното
насилство е многу застапено во семејствата на проститутките како и
необразованието.