Просторниот план за Охридско-Преспанскиот регион, кој  ја доби втората награда на Меѓународниот салон за урбанизам “Ниш 2009” , беше дел од Изложбата на наградените трудови од тој саем, кој се одржа во  просториите на Македонската опера и балет во Скопје. Изложбата беше под покровителство на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Планот за Охридско –Преспанскиот регион го изготви Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија, а освоенaта награда според надлежните ќе  значи многу за Македонскиот урбанизам.


Охридско-Преспански регион

Осумнаесетиот по ред Меѓународен салон за урбанизам се одржа на 06 ноември 2009 -та  година, а вклучи урбанисти од Ниш, Белград, Нови Сад, Крагуевац, Скопје, Сараево, Загреб и други градови од регионот. Награди беа поделени во десет категории, и тоа: Просторно планирање; Генерални планови и планови на општо уредување; Планови на регулација; Урбанистички планови и реализација; Конкурси; Истражувања, студии од областа на урбанизмот; Заштита на животната средина низ студии и урбанистички планови; Примена на информатичка технологија, Публикации и Студентски трудови.

OhridNews