Дел од покривот на струшката гимназија „Д-р Ибрахим Темо“ протече поради оштетувања кои се последица од обилните снежни врнежи.

Оштетувања имало во неколку училници, како и во два кабинети.

Според првичните проценки потребна е итна санација на оштетувањата, со цел непречено одвивање на наставата.

OhridNews