– Долги години бевме маргинализирани, при што единствен излез за повеќето од нас е социјалната помош и минималните пензии. Затоа сме крајно загрижени од блокирањето на Собранието и донесувањето на буџетот. Неодговорно е што пратениците од СДСМ со амандмани ја загрозуваат нашата егзистенција, рече претседателката на „Светла иднина 2009“, Атеме Аслан.
Таа упати апел да престанат политичките игри, СДСМ и опозицијата да ги повлечат амандманите и да го изгласаат буџетот, за да може да се исплаќа социјалната помош од која тие живеат.